Тарифник 2026
Сите цени се според официјалниот Тарифник за надоместок на извршени геодетски работи („Сл. весник на РСМ“ бр. 28/2024) — ист за сите овластени геодетски фирми во Македонија. Пресметајте ја ориентационата цена за Вашиот предмет.
Информативна цена
9.805 ден.
без ДДВ и без трошоци за податоци од Катастар
Пресметката е показателна и не е понуда; точната сума за Вашиот предмет ја добивате по увид во документацијата.
Висина на надоместокот за извршени геодетски работи — без ДДВ.
Премер на празна катастарска парцела
За запишување во катастар на недвижности
7.805 ден. + 4 ден. по м²
Премер на внатрешна површина
Стан, подрум, подземна гаража, гаражно место, деловна просторија, магацин, хала и други
7.361 ден. + 45 ден. по м²
Премер на волуменски објект
Базен, рибник, силос, резервоар и други
4.137 ден. + 30 ден. по м³
Премер на отворена површина
Брани, соларни централи, спортски игралишта, паркинзи, плоштади, зеленило и други
7.136 ден. + 4 ден. по м²
Предбележување на идна градба
За еден објект, по габаритна површина
7.603 ден. + 15 ден. по м²
Спојување на парцели
Во една новоформирана парцела
6.077 ден. + 1.500 ден. по секоја наредна КП
Бришење на срушени објекти
Цел објект или дел од објект од една КП, независно од бројот на објекти
7.491 ден.
Ажурирање на податоците од катастарот
Усогласување со фактичката состојба (со изјава)
5.626 ден. + 60 ден. по метар
Идентификација со увид на лице место — парцела
Катастарска парцела
7.085 ден.
Идентификација со увид на лице место — зграда
Зграда или друг објект
5.647 ден.
Обележување на граници — градежен реон
На катастарска парцела
7.077 ден. + 35 ден. по метар
Обележување на граници — вон градежен реон
На катастарска парцела
7.077 ден. + 40 ден. по метар
Физичка делба на катастарска парцела
Парцелација врз основа на урбанистички план, со теренско мерење
9.247 ден. + 3.000 ден. по секоја наредна КП
Елаборат за нумерички податоци со увид на лице место
За реализација на урбанистички план, приватизација и друго
7.727 ден. + 2.500 ден. по наредна КП/ГП
Цените се без ДДВ и без трошоците за користење податоци од Геодетско-катастарскиот информационен систем.
Извор: Тарифник за висината на надоместокот за извршени геодетски работи („Сл. весник на РСМ“ бр. 28 од 7.2.2024 година).
За комплексни предмети (легализација, судски вештачења, инженерска геодезија) цената се формира по предмет.
Не. Сите цени од тарифникот се прикажани без данок на додадена вредност. Конечната сума ја добивате во понудата пред почеток на работата.
Во надоместокот не се вклучени трошоците за користење на податоци од Геодетско-катастарскиот информационен систем (имотен лист, копие од катастарски план и сл.), кои се наплаќаат според посебен тарифник на Агенцијата за катастар.
Цените се од официјалниот Тарифник за висината на надоместокот за извршени геодетски работи, објавен во Службен весник на РСМ бр. 28 од 7.2.2024 година, кој важи за сите овластени геодети и геодетски друштва во Македонија.
Калкулаторот дава ориентациона цена според тарифникот. За точна понуда со рок на изработка, поднесете online барање или јавете се на 02/ 6166 886 — ќе го прегледаме предметот и ќе Ве контактираме.
Официјални информации:
Агенција за катастар на недвижности — Тарифници
02/ 6166 886 · info@geodetik.mk